Министерството за финансии исплати 209 милиони денари на 4.980 сточари за одгледување на овци, говеда, пчели и маторици. Денеска на 616 сточари им беа исплатени 98 милиони денари за одгледување на овци. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по грло, за сите категории овци, плус 700 денари за секое задржано женско јагне. Исто така, на 2.589 сточари им беа исплатени 52 милиони денари за одгледување на говеда. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 2.700 денари по грло. Вчера за одгледување пчели на 1.349 сточари им беа исплатени 55 милиони денари. Мерката изнесува 600 денари субвенција по презимено пчелно семејство. Исто така вчера на сметките на 426 сточари беа префрлени 4 милиони денари за одгледување маторици. Финансиската поддршка изнесува 900 денари по грло.
Министерството за финансии исплати 209 милиони денари на 4.980 сточари за одгледување на овци, говеда, пчели и маторици.
Денеска на 616 сточари им беа исплатени 98 милиони денари за одгледување на овци. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по грло, за сите категории овци, плус 700 денари за секое задржано женско јагне, информираат од Министерството.
Исто така, на 2.589 сточари им беа исплатени 52 милиони денари за одгледување на говеда. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 2.700 денари по грло.
Вчера за одгледување пчели на 1.349 сточари им беа исплатени 55 милиони денари. Мерката изнесува 600 денари субвенција по презимено пчелно семејство.
Исто така вчера на сметките на 426 сточари беа префрлени 4 милиони денари за одгледување маторици. Финансиската поддршка изнесува 900 денари по грло.